Средба Вељаноски - Жбогар за македонско словенечките односи

Самуел Жбогар

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се сретна со словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар, кој престојува во официјална посета на Македонија. Двете страни, како што соопшти Кабинетот на претседателот на македонското Собрание, ги оцениле билатералните односи како многу добри во сите сфери од политиката, културата и економијата, а кои се од интерес и на двете држави и затоа постојано се надоградуваат и прошируваат.