Македонија ги подржа санкциите за Либија

Macedonia - Macedonian ministry of foreign affairs, 30Jul10

Република Македонија унилатерално се придружи кон рестриктивните мерки коишто Европската унија ги воведе кон Либија минатата недела. Со оваа одлука, Република Македонија дава конкретен придонес кон напорите на ЕУ и на пошироката меѓународна заедница за итен прекин на насилствата во Либија и за исполнување на легитимните барања на населението во оваа земја. Ова се посочува во соопштението објавено на веб страницата на македонското МНР.