Окупирана куќата на Саиф Гадафи во Лондон

Лондон

Група демонстранти ја окупираше куќата на синот на либијскиот лидер во Лондон. Скотланд Јард потврди дека куќата со осум спални соби во предградието Хампстед во северниот дел на Лондон била провалена. Саиф Гадафи го купи објектот во 2009 година.