Антивладини демонстрации во Загреб

Неколку илјади луѓе синоќа повторно излегоа на протести во Загреб со барање за оставка на владата на премиерката Јадранка Косор која ја обвинуваат за корупција и некомпетентност. Демонстрантите се упатија кон фабрика за текстил која е во процес на банкротирање скандирајќи: Сакаме работа и Сите да излезат на протести. Во изминатите неколку недели антивладините протести се одржуваат речиси секој ден.