Јован Дивјак ослободен со кауција

Јован Дивјак

Пензионираниот генерал на армијата на БиХ Јован Дивјак синоќа со кауција од 500 илјади евра е ослободен од притворот во Виена. По пуштањето, тој ќе мора да остане во Австрија со полициски надзор. Дивјак беше уапсен пред 6 дена во Австрија по потерницата од Србија, која го сомничи за учество во нападот врз колона на ЈНА во сараевската улица Добровољачка во 1992 година.