Меѓуверски судири во Египет

Едно лице загина а околу 100 се повредени во судирите меѓу неколку илјади христијани и муслимани во египетскиот главен град Каиро. Според очевидци, до судирите дошло за време на протестите на христијаните поради палењето на една црква во Каиро, кога протестантите биле нападнати од група муслимани. Тоа беше втор верски судир во последните денови во Египет, каде што продолжуваат немирите и еден месец по масовните демонстрации кои го принудија претседателот Хосни Мубарак да поднесе оставка.