Турскиот премиер тврди дека не врши притисок врз медиумите

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денска демантираше дека се обидува да ја задуши слободата на медиумите, откако западните влади и меѓународните групи за заштита на правата на медиумите изразија загриженост поради минатонеделното апсење на седуммина турски новинари. Тие се притворени под сомнение за поврзаност со ултранационалистичката организација „Ергенекон“, која е обвинета за подготвување на државен удар. Турските новинарски организации тврдат дека повеќе од 60 професионалци се во затвор и ја обвинуваат власта за покревање обвиненија без обезбедување доволно докази.