Најавени нови антивладини протести во Загреб и Ријека

Од протестите на 2 март

Во Загреб и во Ријека денеска ќе се одржат нови антивладини протести, а организаторите најавуваат дека протестниот марш низ главниот град ќе биде покус со цел да издржат и оние учесници, кои имаат послаба кондиција. Во Загреб секој втор ден се одржуваат антивладини протести, чии учесници се повикуваат преку „Фејсбук“, а на кои се бараат предвремени избори и оставка на Владата на премиерката Јадранка Косор. Последниот протест во Загреб е одржан во неделата, кога меѓу шест и осум илјади учесници при петчасовниот марш минаа покрај седиштето на владејачката Хрватска демократска заедница