Судење на седуммина хрвати за воени злосторства

Гламоч, Босна

Денеска почна судењето на седуммина поранешни хрватски војници обвинети за убиства на заробеници од војната во Босна од 1991 до 1995 година. Седуммината се обвинети за смртта на шестмина босански Срби во градот Гламоч во западниот дел на Босна. Обвинителството тврди дека војниците извршувале наредба од покојниот командант на хрватската бригада.