Полицијата стрелала кон демонстрантите во Јемен

од анти-владините протести во земјата

Полицијата во Јемен стрелала кон толпа демонстранти кои се собрале на мирни протести. Десетици илјади демнонстранти се насобраа во Шабва, во југот на земјата и во Дамар, во источниот дел на Јемен. Тие бараат крај на 33 годишното владеење на претседателот Али Абдула Салех. Вооружените сили во земјата денеска почнаа да патролираат и по улиците на главниот град Сана, за прв пат од почетокот на анти-владините протести кои почнаа минатиот месец. Демонстрациите продолжуваат и покрај повикот на претседателот за национален дијалог со цел прекинување на немирите.