Обама повторно го предупреди режимот во Либија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави и сојузниците во НАТО разгледуваат воени опции против Либија во спречување на насилството на режимот врз цивилите. Тој додаде дека либискиот лидер Муамер Гадафи мора да одговара за акциите против оние што противат на неговото над 40 годишно владеење. Претходно Белата Куќа соопшти дека сите опции се на маса, вклучувајќи и вооружување на бунтовниците. Министерот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека таквиот потег треба да биде изведен само со меѓународна поодршка. Русија веќе изрази противање на можната странска воена интервенција во Либија.