Експлозија на бензиска пумпа во Пакистан, најмалку 20 загинати

Пакистанските власти соопштија дека најмалку 20 луѓе загинале, а десетина други биле повредени во денешната експлозија на една бензиска пумпа во градот Фејсалабад на истокот на земјата. Според некои наводи, во близина на бензинската пумпа претходно експлодирал автомобил бомба. Ал Каида и талибанците често изведуваат самоубиствени нaпади во Пакистан, но главно во западниот дел на земјата.