Кантримен: косовскиот статус не може да се менува на преговори

Aмериканскиот заменик помошник секретар Томас Кантримен

,,За нас статусот на Косово е веќе решено прашање. Косовската независност е воспоставен факт. Пресудата на Меѓународниот суд на правдата е уште една потврда дека статусот на Косово не може и нема да се менува преку разговори.,, Ова го изјави американскиот заменик помошник секретар за Европа Томас Кантримен пред денешниот почеток на првите директни преговори во Брисел меѓу претставници на Србија и на Косово по прогласувањето на косовската независност во 2008 година. Кантримен додаде дека тој на преговорите во Брисел ќе ја претставува американската влада која, како гостин е поканета од Европската унија.