Обама предложи нови мерки за затворениците во Гвантанамо

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ќе покрене двегодишно замрзнување на воените судења на затворениците во Гванатанамо. Во неговото соопштение е наведено дека Обама ќе започне и нов процес со кој ќе бидат задржани притворените кои не се обвинети или осудени, бидејќи е опасно да бидат пуштени на слобода. Според Обама мерките ќе помогнат терористите да бидат изведени пред лицето на правдата.