ОБСЕ ќе испрати набљудувачи во Белорусија

Протестите во Белорусија по претседателските избори

ОБСЕ соопшти дека ќе испрати набљудувачи во Белорусија на судењето на опозициските лидери и демонстрантите кои беа уапсени при немирите на протестите по спорните претседателски избори во земјата. Стотици луѓе, меѓу кои и неколку претседателски кандидати беа уапсени на протестите по гласањето на 19 декември на кои победи претседателот Александар Лукашенко. Судењата во Белорусија започнаа во минатиот месец. ОБСЕ најави дека четворица набљудувачи утре ќе пристигнат во Белорусија.