Зардари: Израел и Вашингтон не треба да бидат занесени од погрешни согледувања

Азиф Али Зардари

Израел и Вашингтон не треба да бидат занесени од погрешни согледувања и изолирани инциденти кои можат да бидат искористени за создавање тензии и поткопување на довербата, рече денеска претседателот на Пакистан Азиф Али Зардари. Тој исто така испрати апел до Соединетите американски држави да останат фокусирани на патот кон создавање на цврсти стратешки врски. Изјавата беше објавена по средбата на Зардари со специјалниот пратеник на САД за Авганистан и Пакистан Марк Гросман кој е во официјална посета на регионот. Билатералните односи меѓу двете земји беа потресени од инцидент во кој американски државјани уби двајца Пакистанци во самоодбрана. Прашањето за дипломатскиот имунитет на Американецот им се остава на судовите, соопштија Пакистанските власти.