Американскиот потпретседател пристигна во Финска

Бајден денеска на аеродромот во Хелсинки, Финска

Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна во Финска, на првиот ден од тридневната тура на Европа, во која е предвидена и официјална посета на Русија. Подоцна неделава Бајден би требало да се сретне со руски државни службеници на разговори во врска со „ресетирањето“ на американско-руските односи. Потпретседателорт исто така ќе ја посети Молдавија, каде ќе понуди американска подршка во спроведувањето на демонратски реформи.