Иран не соработува со ООН за нуклеарната програма

Јукија Амано

Првиот човек на Агенцијата на Обединетите нации за нуклеарна енергија вели дека тој не може да гарантира дека Иран не произвоедува нуклеарно оружје. Јукија Амано дополни дека официјален Техеран одбива да соработува со организацијата за проверка на иранската нуклеарна програма. Обединетите нации одредија четири пакет санкции за Иран поради збогатување ураниум. Од официјален Техеран, пак, велат дека создаваат гориво за мрежа нуклеарни реактори.