Двајца починати во Македонија од грипот тип А Х1Н1

Комисијата за пандемски грип денеска информира дека две лица починале на Инфективната клиника во Скопје од компликации од грипот тип А Х1Н1. Министерството за здравство добило потврда од Клиниката за инфективни болести за починат 64-годишен пациент, кој пред десеттина дена бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Охрид. Исто така, за време на викендот, како резултат на компликации од пандемскиот грип е добиена потврда за почината 32-годишна пациентка, која на Инфективната клиника била примена на 1 март со општа изнемоштеност, сува кашлица, намален апетит и отежнато дишење.