Предупредувачки штрајк на вработените во прилепски „Еурокомпозит“

Прилеп - Фабриката „Еурокомпозит“

Вработените во државната намеска фабрика „Еурокомпозит“ денеска го сопреа производството и почнаа предупредувачки штрајк пред влезот на фирмата. Тие бараат да им се исплататат заостанатите плати и да се реши нивниот и статусот на фабриката. Тие ги доставиле барањата до раководството на фабриката, а директорот Никола Лучески изјави дека за ситуацијата е запозната Владата и се очекува дека ќе се изнајдат соодветни решенија. Прилепски „Еурокомпозит“ е еден од популарно познатите „државни загубари“, фабрики кои власта веќе неколку пати не успева да ги продаде на тендер на странски инвеститор.