Собраниска координација за ДИК, опозицијата не се појави

Пратениците од опозцијата денеска повторно не се појавиa на координативната седница кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. На средбата биле разгледани предлозите за претседател на Државната изборна комисија, измените на Изборниот законик, а се избрани и членови на привремената комисија за проверка на Избирачкиот список. Списокот со кандидати за претседател на изборната комисија ќе биде доставен до Комисијата за избори и именувања закажана за утре претпладне, која потоа ќе ја достави листата до СДСМ. Опозициската партија, според најавите, во следниве два дена ќе одлучи кој ќе биде претседател на Државната изборна комисија.