Судење на Жак Ширак

Жак Ширак

Поранешниот француски претседател Жак Ширак денеска ќе се појави пред суд. Ширак е првиот шеф на државата кој се соочува со судење. Ширак е осмничен дека за време на неговиот мандат како градоначалник на Париз од 1977 до 1995 година, делел работни места и проекти на лични пријатели, кои воопшто не работеле за градот. Поранешниот француски претседател со соочува со казна затвор до 10 години и плаќање на оштета од 150 илјади евра.