Британскиот диломатски тим ја напуштил Либија

Опозицијата во Либија соопшти дека не сака да разговара со британските дипломати кои се приведени во Бенгази поради нелегален влез во земјата, јавува Франс прес. Опозицијата одбива да разговара со нив, заради начинот на кој влегле во земјата, и затоа што не ги знаат нивните намери и природата на нивната мсиија. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг, пак, изјави дека дипломатите ја напуштиле Либија затоа што имале проблеми да воспостават контакт со опозицијата. Во соопштенитео на министерот се наведува дека дипломатите имале потешкотии , кои се сега успешно надминати и дека неговата земја има намера во догледно врем да испрати уште еден тим во Либија, кој ќе го зајакне дилајогот.