Груевски реизбран за претседател на ВМРО - ДПМНЕ

Никола Груевски попладнево едногласно е реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ со што повторно ја доби довербата за трет четиригодишен претседателски мандат на партијата. На вториот ден од 14-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Битола, од 639 верификувани делегати, гласале 610.