Притворени новинари во Турција

протест на новинарите во Турција

Турски суд им одреди мерка притвор на двајца новинари за времетраењето на судски процес за наводен обид за рушење на власта. Турската новинска агенција „Анатолија“ јави дека двајцата новинари биле притворени поради тоа што се испитува нивна наводна инволвираност во заговор за рушење на власта на премиерот Реџеп Таип Ердоган во 2003 година. Осуммина новинари беа приведени во текот на минатата недела во врска со овој случај. Турската асоцијација на новинари проценува дека шеесетмина новинари се во затвор поради нивната работа.