Дванаесетмина загинати во експлозија на бомба во Авганистан

Авганистан, деновиве

Дванаесетмина цивили загинале во експлозија на бомба поставена покрај пат во провинцијата Пактика во југоисточниот дел на Авганистан, соопштија тамошните власти. Гувернерот на провинцијата, во која често избива насилство, изјави дека загинатите патувале со автомобил и налетале на бомбата по преминувањето на границата на Авганистан со Пакистан. Меѓу загинатите имало жени и деца.