Построги критериуми за британски визи за студенти

Битанската влада не се откажува од планот за воведување построги критериуми за издавање визи за студенти од земји кои не се членки на Европската унија. Се размислува за ограничување на бројот на издадени визи како и воведување на построги тестови за познавање на англискиот јазик, соопштија денеска од британското Министерство за надворешни работи. Студентите сочинуваат две третини од мигрантската маса во Обединетото кралство и годишно кон економијата придонесуваат со 8 милијарди американски долари во форма на исплати за школарина и други трошоци. Лани повеќе од 300,000 визи беа издадени за студенти кои се школуваат во Британија.