Детски карневал во Струмица

илустрација: карневал

Во присуство над десет илјади граѓани и учесници, претпладнево на новиот градски плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица почна традиционалниот Детски карневал. Во маскенбалската поворка се вклучени над илјада поединечни и групни детски маски од Струмичко и од другите градови во државата. Годинашниот Струмички карневал, кој синоќа официјално беше прогласен за отворен со одржувањето на балот под маски, го следат и гости од Светската асоцијација на карневалските градови (FEEC). Во маскенбалската прослава, на која беа избрани принцот и принцезата на карневалот, учествуваа околу 530 маскирани лица.