Екс-министерот за внатрешни на Египет се појави пред судот

од неодамнешните немири во Египет

Поранешниот министер за внатрешни работи на Египет се изјасни за невин во врска со обвиненијата за корупција на првото судење на припадник на режимот на екс-претседателот Хосни Мубарак. Хабиб Ал Адли беше уапсен минатиот месец, неколку дена по оставката на претседателот Мубарак поради протестите во Египет. За сега не се исполнија барањата на про-демократските активисти за додавање на обвиненија за кршење на човековите права во судскиот случај против поранешниот министер.