Рекордно поскапување на нафтата поради немирите на Блискиот Исток

Нафтата на светските берзи достигна рекордни цени во изминативе две години поради немирите во Либија и протестите во останатиот дел на Блискиот Исток. Цената на суровата нафта поскапе за 2,5 американски долари во петокот со што цената за барел нафта изнесува 104,42 американски долари. Станува збор за највисока продажна цена на светските берзи од септрември 2008 година. Поголемиот дел од погоните за производство на надфта во Либија се затворени поради немирите во северноафриканската земја.