Триесетмина загинале во Либија, тврдат локални извори

Најмалку триесетмина загинале во немирите во градот Ал Завиах, јави новинската агенција „Ројтерс“, повикувајки се на локални извори. Градот лоциран на 500 километри од Триполи по втор пат е под напад на силите на лидерот Муамар Гадафи, откако претходно анти-владините демонстранти успеаа да го одбранат населеното место од напад со тенкови и тешка артилерија. Жителите на Ал Завиах избегале од домовите поради немирите. Во меѓувреме, демонстрантите од источниот дел на земјата најавија офанзива кон главниот град на земјата.