Наредена евакуација на зградата на египетската служба за безбедност

Од анти-владините протести во Александрија минатиот месец

Војската на Египет нареди евакуација на зградата на службата за безбедност, лоцирана во градот Александрија, откако претходно стотици демонстранти се обидоа насилно да влезат во објектот. Според одредени извештаи, тројца биле повредени во немирите кои почнаа вчеравечер. Демонстрантите бараат расформирање на службата поради кршење на човековите права за време на режимот на соборениот претседател Хосни Мубарак.