Борби во Либија

Во Либија продолжиле судирите меѓу бунтовниците и силите лојални на Моамер Гадафи. Агенциите, повикувајки се на локални жители, јавуваат дека најмалку 30 луѓе биле убиени кога силите на Гадафи со тенкови и тешка артилерија се обиделе да ја превземат контролата врз градот Ал Завиах, на 50 километри западно од Триполи. И двете страни тврдат дека го контролираат градот. За борби се јавува и во градот Рас Лануф, каде што се рафинериите за нафта. Во градот Бенгази, кој е под контрола на опозицијата, при експлозија на магацин за оружје загинале најмалку 27 луѓе.