Протести во Турција поради затворените новинари

Илјадници лица демонстрираа во Турција против затворањето на 8 новинари во врска со заговорот за државен удар.
Овој случај го привлече вниманието и на западните влади и на меѓународните групи за човекови права како и на политички партии, синдикати кои побараа слобода за печатот во Турција.