Уште едно обвинение против бившиот хрватски премиер Санадер

Хрватското обвинителство покрена уште една истрага против поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер, обвинувајќаи го дека од есента 1994 до пролетта 1995 година во текот на преговорите со „Хипо банката“, зел провизија во готовина, од над 500 илјади евра.
Во соопштението се додава и дека на Санадер оваа сума пари му е исплатена по склучувањето договор за кредит меѓу Хипо и хрватската влада во износ од 140 милиони австриски шилинзи околу десет милиони евра.
Со оглед на тоа дека Санадер се наоѓа во екстрадиционен притвор во Австрија, побарана е негова екстрадиција во Хрватска.