Соренсен ги предава акредитивите кај Иванов

Шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија Питер Соренсен.

Претседателот Ѓорге Иванов ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија Питер Соренсен. Тој го заменува досегашниот амбасадор на ЕУ во земјава Ерван Фуере. Новиот евроамбасадор, данскиот дипломат Питер Соренсен беше личен пратеник на поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Белград и шеф на канцеларија на Унијата во Косово. Ирецот Ерван Фуере ја претставуваше ЕУ во Македонија од ноември 2005 година. Неговиот мандат на два пати беше продолжуван по шест месеци.