Уапсени новинари во Турција, ОБСЕ бара да се ослободат

Турски поддржувачи на организацијата Ергенекон

Турската полиција приведе околу десет луѓе, претежно новинари, во рамки на истрагата на ултранационалистичката организација Ергенекон, обвинета дека подготвувала преврат против Владата. Според критичарите, акцијата е дел од кампањата на Владата против слободата на говорот. Пред две недели затворени се тројца новинари осомничени дека се поврзани со Ергенекон. Случајот Ергенекон почна во јуни 2007 година со откривање на 27 рачни гранати во вилата на пензиониран офицер. Истрагата доведе до голем број апсења, на приближно 200 новинари, писатели, воени лица, лидери на групи, научници, бизнисмени и политичари. Уапсените се обвинети за заговор за смена на Влада и за подготвување на воен удар. ОБСЕ реагираше за апсењата на неколку новинари во Турција, како дел од истрагата на ултранационалистичката организација Ергенекон и побара нивно ослободување. Преставникот на ОБСЕ одговорна за медиумите Дуња Мијатовиќ соопшти дека турските власти треба да запрат со застрашување и заканување на новинарите.