Двајца Американци признале дека планираат да убиваат цивили

Двајца Американци пред судот во Њу Џерси се изјасниле дека се виновни, затоа што планирале да се приклучат на терористичката мрежа во Сомалија и да убиваат цивили, како дел од напорите да се воспостави "Исламска власт по пат на насилство“.Од Министерство за правда велат дека двајцата мажи биле уапсени во јуни минатата година на меѓународниот аеродромот Џон Ф. Кенеди. Тие планирале да полетаат за Египет , а потоа од таму за Сомалија и да се приклучат на екстремистичката група Шебаб. На обвинетите им се заканува максимална казна доживотен затвор. Судот на 20 јуни ќе соопшти колку години ќе одлежат во затвор.