Земјите од Вишеградската група со критики за Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Државите од таканаречената Вишеградска Група, заедно со Германија го критикуваа белорускиот претседател Александар Лукашенко за непочитување на човековите права. Министрите за надворешни работи од Полска, Холандија, Чешка, Словачка и Германија денеска имаа еднодневен состанок во Братислава, главниот град на Словачка. Групата го повика претседателот Лукашенко да ги ослободи политичките затвореници и да ги почитува фундаменталните човекови права.