Русија ќе претрпи загуби од 4 милијарди долари поради Либија

Сергеи Чемезов

Русија најверојатно ќе изгуби 4 милијарди американски долари од договорите за оружје со Либија поради санкциите на Обединетите нациии против режимот на либијскиот лидер Муамар Гадафи. Директорот на руската државниот индустриски холдинг Руски Технологии Сергеи Чемезов, во изјава за новинската агенција „РИА Новости“ рече дека руската државна фирма „Рособоронекспорт“ бележи загуби од ситуацијата во Либија кои се проценуваат на 4 милијарди американски долари. Русија неодамна ги подржа земјите членки на Безбедносниот совет при Обединетите нации во воведувањето на ембарго за оружје за Либија, подржувајки и други санкции против актуелниот режим во државата. Арпаскиот свет е главна дестинација за извоз на руско оружје.