Хашкиот трибунал ќе спроведе истрага за настаните во Либија

Луис Морено Окампо

Хашкиот трибунал денеска најави спроведување истрага против либијскиот лидер Муамар Гадафи и членови на неговото семејство, кои се осомничени за криминал против човештвото. Првиот обвинител на Трибуналот Луис Морено Окампо, на прес конференција во Хаг, посочи дека безбедносните сили на Гадафи извршиле напади врз демонстранти кои биле на мирни протести во неколку населени места во Либија. Најавата на трибуналот се случува во услови на нови воздушни напади врз противниците на либијскиот лидер во источниот дел на земјата.