Напаѓачот на франкфуртскиот аеродром бил мотивиран од исламизам

Автобусот во кој се случил нападот

Напаѓачот кој уби двајца американски војници и тешко рани уште двајца близу аеродромот во Франкфурт бил мотивиран од исламизам, соопштија денеска од канцеларијата на германскиот Државен обвинител. Нападот се случил во автобус, паркиран пред вториот терминал на франкфуртскиот аеродром, со кој војниците требало да бидат превезени до базата Рамштајн. Осомничлениот 21 годишен косовски Албанец се наоѓа во притвор и денеска би требало да се појави на суд. Косовската влада веќе го осуди инцидентот, а германскиот канцелар Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама се заложија за расветлување на случајот.