Нов премиер на Египет е Есам Шараф


Египетските воени власти соопштија дека премиерот Ахмед Шафик поднел оставка, а за нов премиер бил наименуван поранешниот минситер за транспорт Есам Шараф. Воениот совет вети дека нема да дозволи контра-револуција, односно дека ќе ги спречи приврзаниците на соборениот претседател Хосни Мубарак повторно да дојдат на власт.