Француски инвестиции во Русија

Францускиот енергетски гигант Тотал за околу 4 милијарди долари ќе купи 12 насто од акциите на најголемиот руски снабдувач со гас Новатек. Со договорот, потпишан во Москва, француски Тотал ќе има и 20 насто учество во проектот за експлоатација на природен гас на Арктикот. Рускиот премиер Владимир Путин, кој присуствуваше на потпишувањето на договорот, оцени дека станува збор за одлична бизнис зделка.