Вашингтон ја испитува ситуацијата за интервенција во Либија

Роберт Гејтс

Борбите меѓу бунтовниците и силите лојални на Моамер Гадафи во Либија продолжуваат. САД во меѓувреме сигнализраа внимателност во врска со можноста за меѓународна воена интервнеција во Либија.
Секретарот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека воспоставувањето зона за забранети летови над Либија значи акт на војна а тоа започнува со напад врз Либија. Белата куќа сепак соопшти дека ситуацијата за интервенција се проценува.