Поскапува нафтата на светските берзи

Илустрација

Цената на нафтата достигна 102 долари за барел, како резултат на ескалалцијата на борбите во Либија и на зголемената потрошувачка на нафта во светоот. На берзите во Њујорк, цената на барел домашна нафта скокна за 2,6 проценти и изнесува 102,2 долари. Во Лондон, цената на нафта од типот „брент“ од Северно Море достигна 117,09 долари за барел. Од почетокот на немирите во Либија на средината на февруари, цената на нафтата во Њујорк порасна за 19 проценти, а во Лондон за 13.
Меѓународната агенција за енергија вчера соопшти дека повеќе од половина од производствените капацитети на нафта во Либија се затворени.