Водачи на Муслиманското братство во Египет ослободени од затвор

Претставници на Муслиманското братство на прес-конференција во Каиро на 6 февруари 2011 година

Двајца водечки членови на Муслиманското братство во Египет ќе бидат ослободени, откако отслужиле речиси пет години затвор, јавува египетската државна новинска агенција МЕНА. Од затвор ќе бидат ослободени лидерот на најголемата опозициска организација и еден истакнат финансиер на организацијата. Тие ќе бидат пуштени поради медицински причини. Нивното ослободување доаѓа три недели по соборувањето на долгогодишниот претседател на Египет, Хосни Мубарак. Во 2008 година, двајца членови на Муслиманското братство беа осудени на по 7 години затвор за перење пари и планирање терористички акции.