Затворски казни за тројца опозициски активисти во Белорусија

од протестите во Декември 2010 година

Белорускиот суд денеска им изрече затворски казни на тројца опозициски активисти, обвинети за учество во декемвриските немири предизвикани од повторниот избор на Александар Лукашенко за претседател на државата. Новинските агенции јавуваат дека Андреи Саников, портпарол на еден од опозициските кандидати на ланските избори, ја добил највисоката затворска казна, во времетраење од четири години. Насилното растурање на минатогодишните протести на опозицијата во Белорусија беше осудено од западните земји.