Инцидент во Апелацискиот суд Скопје

Родители на малолетник го нападнале бранителот на нивниот син во зградата на Апелацискиот суд Скопје. На малолетникот му била продолжена изречената заводска мерка „упатување во воспитно поправен дом“ за сторени две кривични дела: „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Бранителот наводно непрофесионално реагирал за време на судскиот процес, што ги предизвикало родителите на малолетникот да го нападнат по излегување од судницата.