Нобеловец под притисок поради сомнениа за даночно затајување

Централната банка на Бангладеш соопшти дека го отпуштила нобеловецот Мухамед Јунус од работното место шеф на микрокредиторот „Грамен Банка“, по обвинувањата за нерегуларности во неговото работење. „Грамен Банка“, пак соопшти дека Јунус се уште е на раководното место на институцијата, позиција која седумдесет годишниот банкар ја има од 2000 година. Нобеловецот од лани е под засилен притисок од власта, откако во еден норвешки документарец се наведоа обвинувања за даночно затајување.